(ВИДЕО) Научниците сложни: Цртежот на оваа школка би можел да ја промени историјата на човештвото!
Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2014 20:29
Примерокот пронајден на фосилизирана школка во Индонезија можеби е најстариот запис на човечките претци, тврди тим на научници од холандскиот универзитет во Леиден. Врежаниот цртеж, кој може да се види само под одредено осветлување, е стар најмалку 430 000 години, што значи дека го направиле одамна измурените човечки претци Homo erectus. Досега е најстар и познат човечки запис кој настанал пред 130 000 години.
Ако бидат потврдени резултатите од истражувањето кои се објавени во магазинот„Nature“, би можело од корен да се промени нашето сфаќање за развојот на човечката култура.
„Ова би можело да доведе до „ново пишување на човечката историја“, изјавил за Би-Би-Си Стефан Мунро, истражувач од Австралискиот национален факултет и еден од авторите на ова истражување.
Научниците проучиле стотици фосили на слатководни школки кои на брегот Јава ги пронашол и собрал холандскиот истражувач Евгени Дубоа кон крајот на 19 век, а кои денеска се чуваат во Центарот за биоразновидност на музејот Натуралис во Леиден.
Во текот на постапката на датирање, истражувачите откриле дека врежаниот цртеж од примерокот претходи на процесот на фосилизација на школки, т.е дека е стар помеѓу 430 000 и 540 000 години.
Мунро рекол дека ова откритие ја потврдува теоријата дека Homo erectus бил многу повеќе снаодлив и интелегентен отколку што досега се верувало.
„Кога видиме нешто слично, без разлика дали станува збор за уметничко дело или симболичен знак, тоа веднаш го препишуваме на себе си, како нешто својствено само за модерниот човек“, напоменал Мунро.
И.РМожеби ќе ве интересира
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година




