15 Февруари, 2025
0.0312

ДЕЛ ОД СРПСКИТЕ ТУРИСТИ ВО ГРЦИЈА ЌЕ ОДАТ ПРЕКУ БУГАРИЈА: Дојранчани се плашат дека ќе ги изгубат гостите

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Бугарија влезе во Шенген зоната на 1 јануари 2025 година, се укинаа граничните контроли меѓу Бугарија и Грција, а со тоа дел од српските туристи ќе ја заобиколат Македонија на пат кон Грција. Направена е анкета која покажа дека дел од Србите уште се мислат дали ќе патуваат преку Македонија или преку Бугарија за да стигнат до грчките плажи.

Анкета која ја направи српски портал покажала дека 40 отсто од испитаниците се заинтересирани да патуваат преку Бугарија, додека 20 отсто рекле дека ќе одлучат во зависност од состојбата на граничните премини. Сепак, 30 отсто одговориле дека и натаму ќе ја користат македонската рута.

„Ние работевме 100 отсто со Срби. Си резервираа преку booking. Само две фамилии Maкедонци ми дојдоа преку лето. Ќе дојдат и сега дел од српските гости, тие што доаѓале претходно, а за нови тешко.  Нови гости Срби нема шанси да дојдат, не верувам. Ние самите си го направивме тоа. Си даваме некоја слобода. Се жалеа луѓето за патот. Второ, нема сообраќајни знаци, луѓето се малтретираат, се нервираат. Во лето се случувало преку еден ден вода да нема. Тоа си влијае. Треба и хигиената да се подобри. Не бива така, никој пари не фрла. Нека е и поскапо, ама да му пружиш услуга. Ни Србите не се богати, може се малку подобри од нас, ама секој си бара соодветна услуга“, вели сопственик на вила во Дојран.

Дојранчани објаснуваат дека градот треба повеќе да се промовира како туристичко и транзитно место.

„Некоја традиционална врска имаме со Србите.  Доаѓаат, преспиваат, се одмораат. На преминот Дојрани нема гужви, тоа им одговара. Гастрономијата е добра, езерото е убаво. Мислам дека нема да се случи одлив, но треба да бидеме будни и да се промовираме. Сега Србите букираат за надвор од сезона, веќе има букирања. Може ќе има некој одлив, но нема да биде значително многу според мене, а дали ќе биде така, ќе видиме. Треба да продолжиме со промоција на Дојран како транзитно место. А има и Бугари, на кратко доаѓаат, посебно надвор од сезона. Присутни се бугарските туристи, а српските доаѓаат од јуни до септември“, додава Роза Режак, сопственичка на вила.

Жителите објаснуваат дека имало случаеви кога српските туристи престојувале во градот на пат кон Грција, а на враќање пак доаѓале во Дојран.

„Мислам дека ќе има промени. Србите претходно доаѓаа во Дојран и во Гевгелија“, објаснува Рушка Газетиќ, која издава апартман.

Опцијата преку Бугарија ќе биде поволна за оние кои патуваат со сопствено возило, а за автобуските тури, посебно за оние кои се од јужна Србија се смета дека и натаму ќе патуваат преку Македонија. Оние од Ниш, Лесковац преку Табановце и Богородица планираат да стигнат до Грција. Турците и Србите според податоците од Државниот завод за статистика(ДЗС) се најбројни гости во Македонија. 

Сања Атанасовска

фото Википедија/Деан Лазаревски

Можеби ќе ве интересира

„ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НЕ БИЛ ВО СИТУАЦИЈА НА СУДИР НА ИНТЕРЕС“: се огласија од обвинителство по објавата на Милошоски

„ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НЕ БИЛ ВО СИТУАЦИЈА НА СУДИР НА ИНТЕРЕС“: се огласија од обвинителство по објавата на Милошоски

Жител на Кривогаштани заврши во болница во Прилеп откако излетал од патот

Жител на Кривогаштани заврши во болница во Прилеп откако излетал од патот

„Коцевски, како јавен обвинител, направи сериозни грешки“: Филков вели оставката е логичен чекор

„Коцевски, како јавен обвинител, направи сериозни грешки“: Филков вели оставката е логичен чекор

„КОМПАНИЈАТА ДЕСЕТ ГОДИНИ УСПЕШНО ИЗВЕЗУВА НА ПАЗАРОТ ВО ИРАК“: Пецовски за работењето на Реплек во Бизнис муабети

„КОМПАНИЈАТА ДЕСЕТ ГОДИНИ УСПЕШНО ИЗВЕЗУВА НА ПАЗАРОТ ВО ИРАК“: Пецовски за работењето на Реплек во Бизнис муабети

МЛАДА ВЕЛЕШАНКА ГО НАПАДНАЛА ТАТКО СИ И ДЕТЕ - 13 ГОДИНИ: но, тука не застанала, па доби притвор

МЛАДА ВЕЛЕШАНКА ГО НАПАДНАЛА ТАТКО СИ И ДЕТЕ - 13 ГОДИНИ: но, тука не застанала, па доби притвор

„ДАЛИ НЕПРОЦЕСУИРАЊЕТО НА КРИВИЧНИ ДЕЛА Е ЗА ЗАШТИТА НА КАДАР ОД КОАЛИЦИЈАТА?“: Левица бара одговори за случувањата во ПИОМ

„ДАЛИ НЕПРОЦЕСУИРАЊЕТО НА КРИВИЧНИ ДЕЛА Е ЗА ЗАШТИТА НА КАДАР ОД КОАЛИЦИЈАТА?“: Левица бара одговори за случувањата во ПИОМ

„КЕШ ЗА ПРАВДА“: Милошоски за состојбите во судството 'спогодбата со Мемети и Георгиев аргумент плус за разрешување на Коцевски“

„КЕШ ЗА ПРАВДА“: Милошоски за состојбите во судството 'спогодбата со Мемети и Георгиев аргумент плус за разрешување на Коцевски“

„МНОГУПАТИ ГИ ИМАМЕ ФАТЕНО, НО ПОВТОРНО СЕ ОСТАВЕНИ ДА ПУСТОШАТ ПО ПЛАНИНИТЕ“: Михаилов со видео од бркањето крадци на Скопска Црна Гора

„МНОГУПАТИ ГИ ИМАМЕ ФАТЕНО, НО ПОВТОРНО СЕ ОСТАВЕНИ ДА ПУСТОШАТ ПО ПЛАНИНИТЕ“: Михаилов со видео од бркањето крадци на Скопска Црна Гора

УЖИВАЈТЕ ВО ВИКЕНДОТ - променливо облачно со сончеви периоди, промена од понеделник, доаѓаат нови врнежи и пад на температурите

УЖИВАЈТЕ ВО ВИКЕНДОТ - променливо облачно со сончеви периоди, промена од понеделник, доаѓаат нови врнежи и пад на температурите