(ВИДЕО) НЕМИРИ И ВО НОВИ САД: Нападната е полицијата, oбиена е телевизија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 08 Јули, 2020
Во неколку српски градови вечерва има немири, поради враќање на рестриктивните мерки.
Напад се случи врз полицијата во Нови Сад, а обиена е и зградата на РТВ Војводина.
Неколку илјади граѓани се собраа и во Нови Сад, на плоштадот пред Градската палата, а кон нив се придружија и студенти од домовите во Нови Сад.
Група од пет млади мажи облечени во црно фрлаа камења и петарди кон полициските патроли.
Премиерка Ана Брнабиќ вечерва изјави дека ова се најнасилните протести досега во земјата, но дека во Србија нема да има насилен преврат и анархија.
„Кризниот штаб утре ќе се состане и ние ќе продолжиме да се бориме против коронавирусот и да ги спасиме здравствените работници и здравјето на луѓето, и ќе победиме“, рече Брнабиќ за ТВ Пинк, повикувајќи ги граѓаните да бидат дисциплинирани.
Вели дека полициски час уште не е воведен, но дека мора да се борат за здравјето на луѓето и да балансираат заради зачувување на економијата.Локалните медиуми јавија дека се каменувани и простории на партијата Српска напредна странка (СНС) на претседателот Александар Вучиќ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.