(ВИДЕО) Немири во Балтимор, Обама вети федерална помош
Објавено во: Свет 28 Април, 2015 12:18
Мериленд мобилизира илјадници полицајци и војници од Националната гарда за враќање на редот во Балтимор, каде што избувнаа немири по сомнителната смрт на млад афроамериканец, уапсен од полицијата. Повредени се 15 полицајци, приведени се 27 лица, повеќето од демонстрантите биле ученици кои избегале од училиште, соопшти полицијата.
Во Балтимор се распоредени 1.500 војници од Националната гарда на САД, пренесоа агенциите, цитирајќи ја изјавата на полковникот од градската полиција Вилијам Палоци на CNN. Тие немаат дозвола да користат огнено оружје и ќе имаат помошна улога, за да ги спречат грабежите и вандализмот.
Во Балтимор веќе беа испратени 500 полицајци од Мериленд. Властите на градот ги замолија соседните Држави да испратат како засилувања дополнително 5.000 полицајци за враќање на редот.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/m7RV4Y2zh6I[/embed]Претседателот на САД Барак Обама вети дека федералната влада ќе им помогне на властите во Балтимор да реагираат на немирите што избувнаа во градот по погребот на Фреди Греј, објави АП.
Обама разговараше вчера по телефон со градоначалникот Стефани Роулингс-Блејк. Според соопштението на Белата куќа, таа го информирала претседателот за ситуацијата и Обама вети дека Владата ќе ја обезбеди потребната помош. Претседателски советник разговарал со гувернерот на државата Мериленд Лери Хоган.
Обама го разгледа прашањето и со јавниот обвинител (министерот за правда) Лорета Линч, која положи заклетва само неколку часа пред тоа. Таа е првата афроамериканка на функцијата. Обама ја прими Линч во кабинетот, додека репортажи за сцените на насилство во Балтимор се емитуваа на телевизија. Министерството за правда исто е подготвено да покаже било каква помош, која е неопходна, изјави Белата куќа.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/lO5pyamNOoY[/embed]Гувернерот на Мериленд прогласи вонредна состојба
Гувернерот на државата Мериленд прогласи вонредна состојба, пренесе Ројтерс. Гувернерот Лери Хоган ја потпиша наредбата синоќа по барање на градските власти.
Автомобили и една продавница беа опожарени во градот. Во некои делови беа ограбувани продавници. Си-Ен-Ен покажа кадри со чадот над потпалена аптека, која пред тоа беше ограбена.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VRlmCf1Kj2o[/embed]Немирите почнаа неколку часа по погребот на Фреди Греј, 25-годишен црнец, кој почина на 19-ти април, откако беше ранет во полициски притвор. Според последните податоци 15 полицајци се повредени во судирите со демонстрантите на млади црнци. Сцените на насилство се одиграа на помалку од 5 километри од пристаништето на Балтимор, популарна туристичка зона, и на 56 километри од Белата куќа во соседен Вашингтон, забележуваат агенциите.
Градоначалникот на градот Стефани Роулингс-Блејк, која исто така присуствуваше на погребната церемонија, воведе полициски час од 22.00 ч. до 5.00 часот за една недела почнувајќи од денес, пренесува Ројтерс.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“






