16 Декември, 2025
0.0426

(ВИДЕО) Непроценлива штета од протестите во Сараево!

Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2014 23:52

Добивај вести на Viber

Огромна штета од насилните демонстрации во Сараево денеска, каде што беше запалена зградата на кантоналната Влада, но и зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина. Во оваа зграда е сместен и Архивот на Босна и Херцеговина, па пламенот проголта некои од највредните документи кои биле зачувани дури и во времето на војните во Сараево. „Штетата е непроценлива! Тој архивски материјал кој не настрада во три војни - ниту во Првата, ниту во Втората светска војна, па ниту во оваа последната, изгоре еве денеска. Единствено што можам да кажам е дека ова е една огромна културна срамота!“, изјави директорот на Архивот Шабан Захировиќ. Во пожарот целосно изгорело едно депо од Архивот, каде што се чувале документи со огромна историска вредност, микрофилмови, копии од Архивот во Виена, документацијата на Комисијата за утврдување на воени злосторства во Втората светска војна и многу други важни материјали. Во немирите кои траеја до вечерва, само во Сараево повредени беа над 100 лица, а десетици демонстранти се приведени. Повредени и уапсени има и во другите босански градови. Премиерот на Тузланскиот кантон Сеад Чаушевиќ поднесе оставка. http://www.youtube.com/watch?v=WqKXkDfCzuo

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството