(ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер се урна во морето
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2025 14:35
Несреќа се случи во Грција, каде хеликоптер се урна во морето во близина на Атина.
Хеликоптер се урна во морето во близина на пристаништето Вулијагмени во близината на Атина денеска некаде после пладне, јавуваат локалните медиуми.
Според Националниот центар за итна помош, сите пет патници се спасени, а четири од нив се здобиле со полесни повреди. Повредените се префрлени во болница.
Брод на крајбрежната стража веднаш се упатил на местото на настанот. Властите отворија истрага за случајот.
Како што објави ЕРТ, пилотот веднаш по полетувањето сфатил дека има дефект во леталото, и поради малата надморска височина на која се наоѓало, ги замолил четворицата патници веднаш да го напуштат. Тие безбедно скокнале на земја, додека пилотот останал во хеликоптерот и се обидел да го контролира. Ова не било можно, што резултирало со пад во морето.
Πτώση ση ελικοπτέρου στη Βουλιαγμένη.
— v e l o c i t y (@krok7517100) June 15, 2025
Η στιγμή που ελικόπτερο με πέντε άτομα πέφτει στη θάλασσα στη Βουλιαγμένη.https://t.co/mBRWu4R6jF pic.twitter.com/NPMjBfGNfr
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




