(ВИДЕО) Нокиа сепак на пазарот на Андроид, откриен N1 таблетот!
Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2014
Најавите дека Нокиа ќе претстави Андроид уреди се покажаа како вистински, но наместо телефон оваа компанија денеска откри Андроид таблет наречен N1.
Себастијан Нистром во домот на Нокиа во Финска, го претстави таблетот чие куќиште е целосно од алуминиум, а уредот е со дебелина од 6,9 мм и маса од 318 грама. Пред се треба да се каже дека овој таблет доаѓа со 7,9-инчен IPS LCD екран со резолуција од 2048x1536 пиксели (4:3) со Gorilla Glass 3 заштита, како и Android 5.0 Lollipop оперативен систем но високо модифициран на чиј врв ќе биде Nokia Z launcher.
Што се однесува до хардверот, тука е 64 битниот 2,3 GHz Intel Atom Z3580 процесор, PowerVR G6430 GPU и 2 GB RAM меморија.
Останатите спецификации говорат за 32 GB интерна меморија, камера од 8 мегапискели на задната страна и камера од 5 мегапиксели од предната страна, Dual channel 802.11a/b/g/n/ac Wi-Fi uz MIMO, Bluetooth 4.0, Micro-USB 2.0, стерео звучници како и батерија од 5300mAh.
Нокиа N1 прво ќе биде објавена во Кина во првото тримесечие на 2015 година по препорачана цена од 250 долари (без данок).