16 Декември, 2025
0.0375

(ВИДЕО) НОВА ГАСНА ЕРА: Путин означи старт на изградбата на гасоводот кон Кина

Објавено во: Свет 01 Септември, 2014 14:28

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин и потпретседателот на кинеската Влада Џанг Гаоли денеска го означија почетокот на градежните работи за изградба на гасоводот „Моќта на Сибир“ со кој ќе се транспортира гас до Кина. Првата фаза од изградбата на овој грандиозен енергетски проект треба да биде завршена до 2017 година, а се планира годишниот капацитет на гасоводот да изнесува 61 милијарда кубни метри природен гас. „Гасоводот „Моќта на Сибир“ ќе ја зголеми енергетската безбедност и способноста на Русија да ги исполни своите извозни обврски“, изјави Путин на свеченоста во Јакутск. Гасоводот се планира да биде најголем и најскап светски градежен проект, бидејќи во него двете земји ќе вложат повеќе од 70 милијарди американски долари. Цевководот со должина од речиси 4.000 километри ќе биде најголема ваква гасна мрежа во светот, која директно ќе ги поврзе полињата за производство на природен гас во Сибир со Кина. Изградбата на гасоводот во целост треба да биде завршена во 2019 година. „Гаспром секогаш е сигурен снабдувач со природен гас џза сите потрошувачи, а така ќе биде и со оние кои ќе се снабдуваат преку овој гасовод“, рече првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер, кој е лично задолжен за надгледување на работите на изградбата. Руската компанија претходно склучи договор за снабдување на Кина со 38 милијарди метри кубни гас годишно во следните 30 години. Вредноста на договорот е проценета на најмалку 400 милијарди долари. http://www.youtube.com/watch?v=sZLZXuuCKMA

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“