16 Декември, 2025
0.1096

(ВИДЕО) Нови демонстрации во Истанбул – овојпат во одбрана на интернетот

Објавено во: Балкан 09 Февруари, 2014 10:09

Добивај вести на Viber

Нови немири во Истанбул, откако демонстрантите против новиот Закон за контрола на интернетот се судрија синоќа со полицијата во близина на плоштадот Таксим. Антивладините демонстранти поставија барикади во близина на плоштадот и се судрија со полицијата, фрлајќи камења и пиротехнички средства. Полицијата одговори со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во инцидентите бил повреден еден фоторепортер. Опозициски групи вчера организираа протест на плоштадот Таксим поради Законот за контрола на интернетот, што беше усвоен неодамна, но полицијата им го забрани пристапот до реонот. Илјадници демонстранти се собраа во близина на плоштадот и побараа оставка на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Во согласност со новиот Закон за интернет во Турција, кој помина во Парламентот, власта може за неколку часа да блокира веб страници без судска наредба. За да стапи во сила овој закон треба уште да биде потпишан од претседателот Абдула Ѓул. Опозицијата смета дека со новите мерки Владата се обидува да ги спречи дискусиите и ширењето на интернет содржини за корупцискиот скандал кој ја зафати земјата. Законските измени ги критикуваше и ЕУ, која бара од Турција уште еднаш да го преразгледа законот и да го прилагоди на европските стандарди. Премиерот Ердоган тврди дека нема да има цензура на интернетот, туку дека измените во законот ќе доведат до тоа интернетот да биде побезбеден и слободен, односно да се заштити приватноста на корисниците. http://www.youtube.com/watch?v=VcbEO6OkCM4

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството