(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција
Објавено во: Балкан 02 Декември, 2024 17:50
Силен циклон донесе обилни дождови и бурни ветрови во Грција во последните два дена. Поплавите носеа сѐ пред себе. Оштетени се многу згради и патишта, а има и срушени мостови.
Бурниот ветер ги искрши дрвјата, а поради невремето Солун остана во мрак. Во североисточните делови на земјата и на брегот на Егејското Море се забележани ветрови со ураганска сила од 120 км/ч. Брановите на Егејското Море биле високи и до 10 метри. Се судрија и два брода.
На северот и на истокот од земјата наврнаа од 100 до 200 литри дожд на метар квадратен, а до 400 литри во делови на Халкидики и Родос, предизвикувајќи разорни поплави и порои, објави ЕРТ.
Значи, станува збор за врнежи кои паднале за два дена, а во просек паѓаат во текот на целата зима на овие локации. На некои локации врнело дожд колку што врне во просек за половина година.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




