18 Декември, 2025
0.0440

(ВИДЕО) Подгответе се – ова е новиот Windows 10!

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2014 10:53

Добивај вести на Viber

Мајкрософт вчера ја претстави новата верзија на својот оперативен систем Windows. Според познавачите. Windows 10 многу наликува на Windows 7, со неколку елементи од Windows 8 кои се покажа дека имаатр добри перформанси. Ваквиот потег се смета како разумен одговор на Мајкрософт на забелешките од клиентите, кои имаа многу негативни коментари за Windows 8 по неговото лансирање. За многумина Windows 8 беше тежок за учење, затоа што претставуваше голема промена од дотогашните верзии на овој оперативен систем. Windows 10 ќе биде компатибилен со сите системи досега и овозможува лесно користење на сите уреди. Официјалната продажба на „дестката“ ќе стартува во текот на следната година, а во системот ќе биде вратено Start менито. Се уште нема податоци која ќе биде цената. Според Тери Мејерсон, извршниот заменик претседател на Microsoft, десетката претставува комплетно нова генерација на Windows. Компанијата ја скокна Windows 9 верзијата, за да го нагласи напредокот постигнат со новиот производ. Системот ќе се наплаќа како една платформа за сите уреди, а ќе се наоѓа на една универзална продавница за апликации. http://www.youtube.com/watch?v=84NI5fjTfpQ Microsoft ќе додаде и нова опција - Continuum која ќе овозможи оперативниот систем да се прилагоди во зависност од уредот што корисникот го користи. Така, ако користите глувче и тастатура, ќе го добиете стандардниот десктоп изглед, а ако користите таблет компјутер, системот ќе се префрли во таблет модот на работа. До лансирањето на конечната верзија се очекуваат и дополнителни подобрувања.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина