16 Декември, 2025
0.0325

(ВИДЕО) Полицијата ги турка во река демонстрантите во Сараево!

Објавено во: Балкан 09 Февруари, 2014 11:38

Добивај вести на Viber

На Јутјуб се појавија скандалозни снимки кои сведочат за полициска бруталност на протестите во Сараево пред два дена. Имено, на снимката се гледа како полицајците ги потиснуваат демонстрантите до самиот брег на реката Миљацка, а потоа и ги туркаат внатре. http://www.youtube.com/watch?v=7V67XIak7NU#t=42 Снимките предизвикаа огромен револт во Сараево, каде што за денеска напладне се закажани нови протести. Се бара оставка на целата влада на муслиманско-хрватската Федерација Босна и Херцеговина, предводена од Нермин Никшиќ. По тридневните протести во Сараево веќе поднесе оставка премиерот на кантоналната Влада на Сараево Суад Зељковиќ, а оставки си поднесоа и кантоналните премиери на Тузла и Зеница. Во Федерацијата БиХ има 10 кантони, а граѓаните бараат нивно итно укинување и намалување на обемната државна администрација во БиХ. Освен, ова тие побараа од функционерите да си ги намалат платите на ниво на оние кои ги земаат вработените во јавниот и приватниот сектор, како и да се откажат од апанажите по завршувањето на функцијата. Најавите за нови протести во Сараево, предизвикуваат загриженост и во меѓународната заедница. Високиот претставник Валентин Инцко оцени дека БиХ се наоѓа во најлоша ситуација од завршувањето на воениот конфликт и најави дека размислува за распоредување на европски трупи во земјата, доколку ситуацијата ескалира.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството