(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ПОЛСКА: Жена бара помош од покривот на зграда
Објавено во: Свет 16 Септември, 2024
Циклонот Борис зафати повеќе европски држави, а една жена во Полска спас од надојдената вода најде на покривот на зградата.
Како што пренесуваат полските медиуми, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како пожарникарите спасуваат лице од зграда, чиј влез е целосно поплавен.
Во Клоџко ситуацијата е особено тешка, затоа што нивото на реката достигна 796 см надминувајќи го рекордот од 1997 година. Ваквиот висок водостој претставува огромна закана и за жителите и за градската инфраструктура. Во некои делови од градот водата веќе стигнува до првиот кат во зградите.
Поплави ја погодија централна Европа. Најмалку 15 луѓе загинаа, а пороите сè уште носат сè пред себе. Илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и во Романија. Пред неколку дена беше најавено дека големо невреме ќе има во делови од Европа, со обилни врнежи од дожд.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.