(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО РЕГИОНОТ: Гори во Црна Гора, Хрватска, Албанија и Грција

Објавено во: Балкан 30 Јули, 2024 19:47
Во Црна Гора, Хрватска, Албанија и Грција денеска беснеат пожари.
На Голо Брдо кај Сутоморе избувна шумски пожар. Командантот на Службата за заштита и спасување, Бар Ацо Вулевиќ изјави дека се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, пренесуваат црногорските медиуми.
Голем пожар избувна кај Скрадин. Како што соопштија од Хрватската противпожарна бригада, во 8.46 часот во ЖВОЦ Шибеник е пријавена пожар на отворен простор во месноста Скрадин, во населбата Иќево.
Два одвоени пожари избувнаа денеска околу 14 часот во атарот на селото Смоковиќ во Равнокотар, кај Задар, кои набрзо се споија во еден.
Во Албанија најкритична е состојбата во пристанишниот град Шенѓин, каде и покрај максималните напори, поради ветерот, тој веќе е блиску до хотелите, поради што почната е евакуација на туристите сместени во нив, но според медиумите се заканува и на блиските бизниси.
Повеќе од 200 пожарникари со помош на хеликоптери и канадери втор ден по ред се борат со шумски пожар на вториот по големина грчки остров Евија, поради што е наредена евакуација на две села, соопштија властите во вторникот.
Можеби ќе ве интересира
ЈОТОВА СЕ ЛУТИ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ: Проблемот се преговорите со Македонија

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА НА СВАДБА ВО СПЛИТ: Причина е пиротехника

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ: Објави со каков специјалитет го пречекал синот на Трамп

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник
