31 Март, 2020
0.0314

(ВИДЕО) Познатите го праќаат Куаден во Дизниленд откако светот го виде врсничкото насилство со кое се соочува

Објавено во: Свет 21 Февруари, 2020

Австралијката Јарака Бејлс (Yarraka Bayles) од прва рака ги искусила невкусните последици од врсничко насилство над сопственото дете, кои во училиште ги преживува нејзиниот деветгодишен син Куаден.

Момчето е родено со дијагноза ахондроплазија, нарушување на растот на коските, поради што тој има џуџест раст.


Колку врсничкото насилство, или модерно кажано, булингот, влијае на момчето, мајката откри во видеото кое го сними откако го земала од училиште, сакајќи да предупреди низ што се поминуваат жртвите на врсничко насилство и нивните родители, и дека е неопходно да се позанимаваме со оваа тема како никогаш досега.


Видеото објавено во средата, е прегледано повеќе од 19 милиони пати а момчето и семејството добија голема поддршка од јавноста, вклучувајќи и австралиски спортисти и светски познати личности.


Меѓу нив е и австралискиот актер Хуг Џекман, кој на Твитер објави видео порака во која му порачува на Бејлс: „Без разлика на тоа, во мене имаш пријател“:

-„Куаден, посилен си од што знаеш, пријателе“, рекол Џекман додавајќи: „Сите, да бидеме сите љубезни едни кон други. Насилството не е во ред“.

-Неконтролирано, момчето кон камерата и вели на мајка му: „Дај ми нож, сакам да се убијам“.

Од друга страна, страницата Go-Fund Me која ја постави американскиот комичар Бред Влијамс собрала скоро 170 000 американски долари и тој ќе ги искористи парите да ги испрати Бејлс и неговата мајка во Дизниленд во Калифорнија.

-Ова не е само за Куаден. Ова е за сите оние кои во својот живот биле малтретирани и рекле дека не се доволно добри“, рекол Вилијамс на страницата за собирање пари. „Да им покажеме на Куаден и другите дека во светот постои и доброто и тие се достојни за тоа“.

Исмејувањето, исклучување од општеството и кражба на работи на детето - се само некои од видовите на насилство со кои децата се среќаваат во школо.

Три четвртини од децата барем еднаш во училиште доживеале врсничко насилство. Таквото однесување може да резултира со емоционални тешкотии и проблеми во однесувањето. Како последица може да се јави и агресија, осаменост и депресија.

Децата кои малтретираат други, најчесто тоа го прават за да бидат популарни, бидејќи бараат внимание или за да се направат себе си важни, дека се некој и нешто . Со малтретирање на послабите од себе тие стануваат помоќни и поважни.

Нивните жртви се најчесто деца кои се поинакви од нив, и тоа обично се физички послаби, помали, деца кои не знаат да се изборат за себе и оние кои лесно се вознемируваат.


Foto: Agencije

Можеби ќе ве интересира

Дали е можно долго време вирусот да кружел меѓу луѓето пред да мутира?

Дали е можно долго време вирусот да кружел меѓу луѓето пред да мутира?

Тајландскиот крал во самоизолација во германски хотел со 20 конкубини

Тајландскиот крал во самоизолација во германски хотел со 20 конкубини

ИНОВАЦИЈА ОД ФОРМУЛА 1 ТИМОТ НА МЕРЦЕДЕС: Болните ќе дишат со маски без респиратор

ИНОВАЦИЈА ОД ФОРМУЛА 1 ТИМОТ НА МЕРЦЕДЕС: Болните ќе дишат со маски без респиратор

(ВИДЕО) Трамп шокира и во време на коронавирусот

(ВИДЕО) Трамп шокира и во време на коронавирусот

Еден од главните слуги на кралицата Елизабета позитивен на корона-тестирањето

Еден од главните слуги на кралицата Елизабета позитивен на корона-тестирањето

Во Јужна Кореја повеќе од половина веќе излекувани од корона вирусот

Во Јужна Кореја повеќе од половина веќе излекувани од корона вирусот

Драматични фотографии од молитвата на Папата Франциск

Драматични фотографии од молитвата на Папата Франциск

Хрватскиот имунолог: Коронавирусот е само хистерија

Хрватскиот имунолог: Коронавирусот е само хистерија

Првата пациентка заразена со корона вирус: Требаше да се алармира порано

Првата пациентка заразена со корона вирус: Требаше да се алармира порано