ВИДЕО: ПРЕПУКУВАЊА ДВА ДЕНА: Фрчат закани од Филип Петровски кон Ванхауте, и обратно!
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2016 13:23
Филип Петровски, директорот на Државниот архив и член на ВМРО-ДПМНЕ, преку видео порака му се обрати на Белгиецот, Питер Ван Хојте кој беше посредник во земјава.
Ван Хојте претходно му пиша порака дека за контроверзниот говор и острите пораки во нормални демократски земји се лежи во затвор и тоа на долго време.

„Добив закана од извесната персона Ван Хојте, некои го викаат Мачкарот кој ни солеше памет за Пржинскиот договор кој така убаво ни го забибери, ја внесе Македонија во политичка криза за 900 евра на ден. После тој ја загуби својата улога но, ја инсталираше својата фабричка грешка во нашата функционална демократија и си замина. Се обидува по секоја цена да ги инсталира СДСМ на власт, дури и по цена на изборен фалсификат, за да се врати да биде нивен консултант за истите пари. Да му порачам на Мачкарот дека оваа држава е на македонскиот народ. Тој да ми се заканува од Белгија со затвор е смешно и апсурдно и на тоа нема да останам нем“ - вели Петровски.
На Ван Хојте му порача да си ги следат работите во неговата земја, која според него е легло на ИСИС.
„Пред 1000 години вашиот крал Леополд масакрираше 10 милиони луѓе во Конго, Африка. Како може вие да ни солите памет и да не учите на демократија“ -додава Петровски.
Петровски смета дека на ваков јавен начин најдобро е да се спротистави на сите кои сакаат да се мешаат во внатрешните работи на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




