(ВИДЕО) Прв автопат кој свети во мрак отворен во Холандија
Објавено во: Мои пари 23 Октомври, 2014 16:24
Автопатот чии линии по рабовите светат како возчите полесно би се снаоѓале во мрак, е отворена денеска во Холандија.
„Smart Highway“ проектот - први такви видови во светот - ги измислил дизајнерот Даан Росегард, кој веќе подолго време работи на креирање „интерактивни и одржливи“ автопатишта.
Секој раб на автопатот N329 во градот Осу е обоен со три линии фото-луминисцентна боја. Бојата ја впива светлоста во текот на денот, а потоа свети светло-зелено осум часа во текот на ноќта.
Искуството на возење ноќно време по автопат е како „премин низ бајка“, вели Росегард.Овие светли линии можат да помогнат да се заштеди енергија која инаку би се користела во јавно осветлување.
Ова е само прва во низата автопати со интерактивни ознаки кои Росегард сака да ги воведе во соработка со градежната фирма Хеијманс. Следниот месец, дизајнерот ќе ја претстави велосипедската стаза која е инспирирана од Сликата на Ван Гог „Ѕвездена ноќ“.Росегард исто така предлага улично осветлување кое се вклучува и исклучува во зависност од тоа дали има сообраќај на неа или не.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




