(ВИДЕО) ПУКАЊЕ ВО АБХАЗИЈА: Еден пратеник загина, друг е ранет
Објавено во: Свет 19 Декември, 2024
Во пукање во зградата на Парламентот на Абхазија денеска еден пратеник загина, а друг е ранет. Овој кавкаски регион е поддржан од Русија и се отцепи од Грузија.
Пратеникот Вахтанг Голанџија загина, објави на Телеграм, прес-службата на вршителот на должноста шеф на државата, Бадра Гунба. Друг пратеник има повреди на раката.
Абхазиска новинска агенција информира дека Министерството за внатрешни работи на Абхазија го идентификувало пратеникот Адгур Харазија, како осомничен за престрелката. Тој избегал од местото на пукањето. Мотивот за пукањето не е познат.
Претходно, Парламентот на Абхазија ја прифати оставката на претседателот Аслан Бжанија, која тој претходно ја поднесе, под услов претставниците на власта и опозицијата да се договорат за оставка на претседателот на Абхазија и прекин на антивладините протести.
Гласањето беше тајно. Одлуката ја поддржаа 28 пратеници, еден беше против, а две ливчиња беа прогласени за неважечки.
Абхазија се отцепи од Грузија по пат на војна, поради што се раселени стотици илјади етнички Грузијци.
Независноста на Абхазија е признаена од Русија, Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија, а меѓународно призната како дел од Грузија. Голем дел од населението има руско државјанство.According to local sources, there was a shooting today in the parliament of #Abkhazia, a region of #Georgia under #Russian military occupation since 2008, when #Moscow invaded the country. The motive appears to have been the vote on a controversial law aimed at making it easier… pic.twitter.com/mKFtuXw68E
— K13 News (@K13News) December 19, 2024