06 Јануари, 2025
0.0297

ТРАМП ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО БЕЛАТА КУЌА КАКО ОСУДЕНИК, НО ЌЕ БИДЕ СЛОБОДЕН - еве што вели судијата пред изрекувањето на казната на 10 јануари

Објавено во: Свет 04 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Судијата од Њујорк, кој претседава во случајот против избраниот претседател Доналд Трамп за давање поткуп заради молчење, ќе ја изрече казната за Трамп десет дена пред неговата инаугурацијата.

Судијата притоа наведе дека не е склон кон тоа да одреди затворска казна.

Судијата Хуан Мерчан изјави дека Трамп, прв поранешен претседател кој бил осуден за кривично дело, може да се појави лично или виртуелно на изрекувањето на казната, закажано за 10 јануари.

Во одлука од 18 страници, Мерчан ги отфрли различните барања на адвокатите на Трамп за поништување на неговата пресуда.

Судијата истакна дека наместо затворска казна склон е да одреди „безусловно ослободување“ (што значи дека осудата останува, но обвинетиот е ослободен без затвор, парична казна или условно), што е многу поблага казна и ќе овозможи Трамп да влезе во Белата куќа, но како осуден криминалец.

-Во овој момент изгледа соодветно да се изрази ставот дека судот нема намера да одреди затворска казна, изјави судијата. Нагласи дека и обвинителите не сметаат дека затворот е соодветна казна.

Лани во мај на судење во Њујорк Трамп беше прогласен за виновен по 34 точки и тоа за фалсификување деловни документи со цел да прикрие исплата на пари на Сторми Даниелс, актерка во филмови за возрасни, што се случувало пред изборите во 2016 година, за да се спречи таа да открие дека во 2006 година имала сексуална врска со Трамп.

Адвокатите на Трамп се обидоа да го прекинат случајот врз основа на разни аргументи, вклучувајќи го и познатото решение на Врховниот суд од минатата година, според кое поранешните претседатели на САД имаат опширен имунитет од кривично гонење за одредени официјални дејствија сторени за време на мандатот. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПАРАЛИЗИРАНА, ОТКАЖАНИ СТОТИНА ЛЕТОВИ, ДЕСЕТИЦИ ОДЛОЖЕНИ...Снегот направи хаос

ЕВРОПА ПАРАЛИЗИРАНА, ОТКАЖАНИ СТОТИНА ЛЕТОВИ, ДЕСЕТИЦИ ОДЛОЖЕНИ...Снегот направи хаос

РУСИЈА ПОТВРДИ: Украина почна нова офанзива во Курск

РУСИЈА ПОТВРДИ: Украина почна нова офанзива во Курск

ЗАХАРОВА ОБВИНИ ЗА „НАМЕРНО УБИСТВО“: Украинците во Доњецк елиминираа руски новинар

ЗАХАРОВА ОБВИНИ ЗА „НАМЕРНО УБИСТВО“: Украинците во Доњецк елиминираа руски новинар

(ВИДЕО) ЈЕРМАК ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА ГО ДОБИВА ТОА ШТО ГО ЗАСЛУЖУВА: Украинците почнаа контраофанзива во Курск

(ВИДЕО) ЈЕРМАК ВЕЛИ ДЕКА РУСИЈА ГО ДОБИВА ТОА ШТО ГО ЗАСЛУЖУВА: Украинците почнаа контраофанзива во Курск

НАЈМАЛ ДАНОК И НАЈГОЛЕМ ПРИХОД ОД НАEM: Балтичка земја е идеална за инвестирање во куќи и станови

НАЈМАЛ ДАНОК И НАЈГОЛЕМ ПРИХОД ОД НАEM: Балтичка земја е идеална за инвестирање во куќи и станови

ФЕЗЕР: Некои од Сиријците во Германија ќе мора да се вратат дома

ФЕЗЕР: Некои од Сиријците во Германија ќе мора да се вратат дома

СИРИЈА: На аеродромот во Дамаск од 7 јануари ќе има меѓународни летови

СИРИЈА: На аеродромот во Дамаск од 7 јануари ќе има меѓународни летови

РУСКИ НАПАД НА УКРАИНА: Загина познат професор

РУСКИ НАПАД НА УКРАИНА: Загина познат професор

МУ ГО УКРАЛЕ ИДЕНТИТЕТОТ: Французин треба да плати казна за сообраќајни прекршоци, а нема ниту автомобил

МУ ГО УКРАЛЕ ИДЕНТИТЕТОТ: Французин треба да плати казна за сообраќајни прекршоци, а нема ниту автомобил