17 Декември, 2025
0.0414

(ВИДЕО) Радикалите во Србија го слават ослободувањето на Шешељ

Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2014 10:29

Добивај вести на Viber

Одлуката на Хашкиот трибунал да дозволи привремено ослободување на лидерот на српските радикали Воислав Шешељ поради хуманитарни причини и влошена здравствена состојба беше дочекана со прослава пред седиштето на Српската радикална патија во Земун. Членовите и симпатизерите на партијата синоќа прославуваа со знамиња со ликот на својот лидер, но и со песната „Спремте се, спремте четници“. http://www.youtube.com/watch?v=e0horu9ULgo http://www.youtube.com/watch?v=_QxCUH4X8V4 Хашкиот трибунал вчера ја донесе одлуката за ослободување на Шешељ, откако Србија понуди гаранција за негово пуштање на слобода. Кај него лекарите дијагностицираа метастази на рак на црниот дроб, а состојбата му е оценета како животно загрозувачка. За ослободување, Хаг ги постави вообичаените услови - Шешељ не смее да влијае на сведоците во процесот против него и на жртвите, а мора да се јави во судот веднаш кога тоа ќе биде побарано од него. Се уште е неизвесно дали тој ќе ги прифати ваквите услови, со оглед на тоа што еднаш веќе одби слична понуда за пуштање на слобода. Челниците на Радикалната партија најавуваат негово враќање на политичката сцена по враќањето во Србија, но аналитичарите проценуваат дека ослободувањето на Шешељ во Хаг нема да предизвика политички турбуленции во земјата.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата