07 Октомври, 2024
0.0605

(ВИДЕО) Раскинат е договорот за Казандол, зборот е збор вели градоначалникот Костадинов

Објавено во: Македонија 27 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев попладнево на прес-конференција во Владата информираше дека донеле одлука за едностран раскин на договорот за концесија на локалитетот Казандол, кој се наоѓа во близина на општините Валандово, Богданци и Дојран.

Вели дека договорот го раскинуваат затоа што концесионерот не ја исполнил обврската во рок од две години од денот на доделување на концесијата да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар. Заев рече и дека Владата нема да плаќа пенали бидејќи концесионерот не го испочитувал договорот.

„Владата е посветена целосно на економскиот раст и заштита на здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните е над кој било приватен интерес и еколошката безбедност на државата над кој било приватен интерес“- вели премиерот. 


Одлуката влегува во сила наредниот ден по објавување во Службен весник.

„Другари, раскинат е договорот за Казандол! ЗБОРОТ Е ЗБОР!“ - напиша на Фејсбук градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, а граѓаните коментираат дека се задоволни. 

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули истакна дека случајот со рудникот Казандол не сака да се политизира, бидејќи како што рече тој пораките се јасни. Непочитувањето на процедурата е јасна.

Граѓаните повеќе пати протестираа и преку здружението „Спас за Валандово“ бара да се запре отварањето на рудникот. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил