16 Декември, 2025
0.0401

(ВИДЕО) САЈБЕР-ВОЈНА: Израел и Хамас војуваат и на интернет

Објавено во: Свет 23 Јули, 2014 13:53

Добивај вести на Viber

Социјални мрежи, мобилни телефони, Јутјуб - ова е новото оружје со кои и Израелците и Палестинците се обидуваат да ја добијат наклоноста на меѓународната заедница за нивната страна во обновениот меѓусебен конфликт. Пропагандата и психолошката војна не се ништо ново на Блискиот Исток, но технологијата денеска им овозможува на страните во судирот да ги пренесат пораките побрзо до одредена публика. Користејќи видео-снимки, Твитер, Фејсбук, СМС пораки и телефонски повици, завојуваните страни се обидуваат меѓусебниот судир да го претстават од сопствена перспектива. Така, Хамас апелира до меѓународната јавност истакнувајќи го големиот број цивилни жртви во израелската офанзива. Израел, пак, од своја страна, тврди дела Хамас го користи цивилното население во Газа како „човечки штитови“. http://www.youtube.com/watch?v=70Oqo_wmuGo Во истовреме Израел објаснува дека ги брани своите граѓани и оти презема мерки за да се спречи убивањето на цивили. Израелските власти им се обраќаат и на Палестинците во Газа, со објаснување дека „раководството на терористичкиот Хамас е одговорно за судирите“. Во телефонски повици до жителите на Газа израелската војска  ги предупредува да ги напуштат домовите. Од друга страна, Хамас испраќа СМС пораки до Израелците со закана дека ќе продолжи да упатува ракети кон израелска територија додека не бидат исполнети палестинските барања, меѓу кои е и прекин на долгогодишната блокада на Појасот Газа. Израелската војска од почетокот на судирите објави повеќе од 40 видео снимки со кои прикажува дека на Израелците им се заканува опасност од Хамас. Објавени се немонтирани снимки од воени авиони, но и монтирани прилози, графикони и шеми на тунели кои ги ископал Хамас под палестинските куќи во Газа за преку нив да стигне на израелска територија. Војската објави и компјутерски генерирана снимка на палестински екстремисти кои наводно се обидуваат да препливаат од Газа во Израел. На снимката, која на Јутјуб ја погледнале повеќе од еден милион луѓе, борците од Хамас излегуваат на песочна плажа, а потоа еден по еден страдаат од израелски оган. http://www.youtube.com/watch?v=-ff1Vb1ZqSE Хамас исто така објавува видео-снимки, некои и со тек на хебрејски, со коии се обидува да го заплаши непријателот и на кои ја прикажува обуката на своите командоси или ракетите упатени кон Израел.

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица