(ВИДЕО) СЕ РЕВАКЦИНИРАЛА, ПА СЕ ЗАРАЗИЛА: Српската докторка Ана Глигиќ раскажа како се изборила со вирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 26 Март, 2021
Српскиот виролог Ана Глигиќ која има 86 години се заразила со коронавирусот два дена по ревакцинацијата.
Таа сега се лекува дома, но вели дека поминала тешко.
„Немав висока температура, околу 37, но не можев да дишам. Беше сосема јасно дека итно морам во болница“, раскажала таа.
Во болница 13 дена била на кислородна поддршка, по што го победи вирусот.
„Верувајте ми не можев да изговорам ни три реченици, а да не се заморам. Не можев ниту на нозе да застанам. Не можев ниту да јадам, ме хранеа. Еве, сега веќе можам да се движам сама низ дома, полека, но тргна на подобро“, изјавила докторката.
Таа порачува дека вакцината е единствениот начин да го запреме ширењето на вирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.