Видео: Шекеринска вети бесплатно болничко лекување за сите
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2016
Граѓаните на Македонија заслужуваат квалитетно и достапно јавно здравство. Недозволиво е во нашава држава во 21 век, здравјето и животот на граѓаните да зависат од тоа дали можат да си дозволат болничко лекување, од тоа дали има или нема лекови во болниците и клиниките па и од тоа дали има или нема доволно лекари којшто ќе им ги понудат тие медицински услуги, оценува Радмила Шекеринска, потпретседателката на СДМС најавувајќи го новото ветување.
Нема да дозволиме да продолжи праксата во која болници, клиники имаат огромен недостиг на лекови. Граѓаните на Македонија, имаат право да имаат квалитетен лек и дома и во болница. Заради тоа настаните којшто се случуваат на овие клинки, особено Клиниката за Онкологија, мора да станат минато, вети Шекеринска.
За подобрување на состојбите во здравството од СДСМ ветија и дека ќе се зголемат платите на лекарите за квалитетните кадри да се задржат во државното здравство и да не ја напуштаат Македонија.