БОГАТСТВО ОД ЖИВ СВЕТ
ВИДЕО: Што најдоа научниците во длабочините на 5 милиони години затворена пештера?
Живиот свет во пештерата Мовила во Романија, неколку километри оддалечена од Црното море, целосно се разликува од жителите на другите пештери.
Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2016 19:15
Една од причините е што пештерата била запечатена дури пет и пол милиони години, а втората причина е што воздухот е отровен и влажен.
Меѓутоа, во тие речиси невозможни услови за опстанок на живиот свет сепак се појавија разни видови на организми кои за биолозите претставуваат вистински рудник на злато.
Помалку од сто луѓе воопшто десега влегле во пештерата, пренесе BBC Earth. Луѓето ја откриле дури во 1986 година, кога романските работници таму барале нова локација за нуклеарна електрана. Денес во неа може да се влезе само со посебна дозвола иако поголем дел и понатаму е непристапен.
Воздухот во „утробата“ на пештерата содржи половина кислород отколку што е вообичаено, а е богат со јаглендиоксид и водород сулфид.
Сончевите зраци таму не ѕирнале барем пет и пол милиони години и толку е мрачно што не се гледа прст пред нос.
Меѓутоа, и покрај ова сурово опкружување, научниците досега идентификувале речиси 48 различни видови.
Меѓу нив се наоѓаат мноштво пајаци, водени шкорпии, псевдошкорпии, стоногалки, пијавици и ракови, а од тоа 33 видови се единствени и специфични исклучиво за оваа локација.
Повеќето живи суштества во пештерата се слепи и немаат пигмент, но затоа имаат необично долги екстремитети и пипала, што им го прави лесно движењето низ мракот.
Како завршиле животинките во пештерата не е познато и тука останале изолирани, пишува IFL Science.
Освен тоа, има уште многу мистерии и прашања на кои научниците немаат одговор, а еден дел од „жителите“ на Мовила допрва треба да се открие.
Истражувачите сметаат дека некој од нив би можеле да откријат важни информации поврзани за еволуцијата на биологијата, па дури и за самата природа.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




