(ВИДЕО) Си вградил чипови во рацете поради биткоини?!
Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2014
Основачот на компанијата „Mr Bitcoin“ Мартин Висмеијер си вградил два чипа под кожата на рацете како би можел да складира биткоините.
Тој вградил два компјутерски чипасо големина од 12 милиметри. Како што вели, чиповите ќе му бидат и персонализиран будилник и приватен клуч кој е таен дел од податокот кој го докажува вашето право да можете да пренесувате биткоини од одреден паричник со помош на криптографски потпис.
Чипот му е вбризган во двете раце помеѓу мускулите и ткивотот на кожата, а може да прими околу 26 биткоин клучеви, пренесува Раша тудеј.
„Ова го направив бидејќи сакав да експериментирам со јаки биткоини користејќи поткожни импланти, затоа што мислам дека тоа е Свети Грал на бесконтактното плаќање“; рекол Мартин.
Тој истакнува дека тие чипови нема да ги користи само за биткоини, туку и за многу други работи.
„Можам да ги користам за многу различни работи, дури и како копче за аларм“, додал тој.
Болката после вбризгувањето на чипот трае околу 24 часа.