(ВИДЕО) Сиромашно семејство одби порше: Го пронајдовме кучето, ама не сакаме награда!
Објавено во: Балкан, Стил 13 Април, 2015 12:31
Во изминатите неколку дена во Хрватска една од главните теми во медиумите беше изгубено куче, мешано американски стафорд Чико.
Кучето исчезнало на католичкиот Велигден, а сопственикот Борна Јакушиќ (27) неуморно го барал, а за пронаоѓачот нудел и тоа како вредна награда. Момчето цел Загреб го залепил со плакати на кои пишувало дека бара пес, а дека на чесниот наоѓач како награда ќе му подари автомобил Порше 924 2.0 од 1979 година.
Со денови се јавуваа луѓе кои не го пронашле кучето, но сакале да дојдат до автомобилот, а оние кои навистина го пронашле вредната награда ја - одбиле.
„Се грижеле за него повеќе од недела дена, кога ја забележале веста за тоа дека го бараме веднаш ни се јавија. Откога го пронашле секој ден го шетале Чико по Максимир како некој би го препознал. Сепак, изгледа дека се некако сме се разидувале“, раскажува Бруно и додава дека семејството одбило да ја земе наградата.
„Не сааа да го земат поршето, упорно го одбиваа , како и било каква награда. И сами се големи љубители на животни и сопственици на куче, па вечат знаат како е чуството кога се изгуби некој кој толку многу го сакате“, рекол Бруно и додал дека детенцето многу се поврзало со кучето, па разделбата го натерала на солзи.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/hjbNhDTEShY[/embed]„Станува збор за социјално загрозено семејство така што ние сега одлучивме на нив некако да им помогнеме. За почеток ќе направиме малиот Романо да го добие првиот велосипед, лаптоп, и уште по нешто. Доброто со добро се враќа“, рекол пријателот на Антоние Јурчевиќ, кој учествувал во потрагата по кучето.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството





