(ВИДЕО) „Скромниот“ имот и заработувачка на моќниот Путин
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2018
Едно кажува, друго мисли. Вака отприлика изгледа тоа што го прави Путин во однос прашањата за неговиот имот и заработка.
Еден од најмоќните политичари, актуелниот претседател на Русија вели дека има мал стан од 74 квадрати, воли Лада и годишно заработува 80.000 евра. Импресивно и донекаде скромно за политичар од таков калибар. Во официјалните финансиски документи, објавени пред претседателските избори во Русија, се наведува дека во периодот од 2011. до 2016. година, заработил нешто повеќе од 550.000 евра.
Станот кој го навел во имотниот лист, се наоѓа во Санкт Петербург, а поседува и 230 акции во една банка од тој град. Како што е наведено, парите ги чува на 13 банкарски сметки.
"Мојата годишна заработка се состои од месечна плата, воена пензија и заработка од камати и акции", тврди Путин.
Но сега се јавува и другата страна, коментирајќи го овој апсурд.
Финансиските експерти сметаат дека Путин е многу побогат од тоа што јавно го кажува и неговото богатство се проценува на 200 милијарди евра, а неговите политички противници сметаат дека парите ги заработува со собирање на надомест од разни државни институции и бизниси.
Британскиот експерт за фондови, Бил Браудер за CNN рекол дека по 14 години, колку што Путин се наоѓа на власт, сите пари кои Русија ги заработила, а кои не биле искористени за изградба на училишта, патишта или болници, завршиле на швајцарски банкарски сметки, во фондови, акции.
Актуелниот претседател има и луксузна јахта, приватен авион, вила на Црното море и различни недвижнини за одмор ширум Русија, вели Браудер.