(ВИДЕО) Смртоносни поплави во Грузија, ѕверови од зоолошката на улиците
Објавено во: Свет 14 Јуни, 2015 11:44
Најмалку осум луѓе загинале во поплави кои го погодија главниот град на Грузија, а има и исчезнати, пренсуваат медиумите.
Грузиската полиција во неделата во Тбилси се обидува да ги улови дивите ѕверови кои поради поплавите кои ја уништиле градската зоолошка градина се разбегале по улиците, пренесуваат руските медиуми.
Меѓу избеганите животни има и шест тигари, шест лавови и осум мечки.
Вкупно избегале повеќе од 30 опасни животни, а некои се удавиле во поплавите кои ја погодиле зоолошката градина.
Полицијата кај децката болница застрелала шест волци, а граѓаните ги повикале да не ги напуштаат домовите.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zJmRqK5s7tA[/embed]Голема штета
На подрачјето на зоолошката градина се пронајдени и безживотни тела на три лица.
Во поплавите настрадале најмалку осум лица, а има и исчезнати , известуваат грузиските медиуми.
Силните дождови предизвикале излевање на реката Вера која однела десетици згради и автомобили.
„Десетици семејства останале без домови бијдеќи нивните куќи се уништени или тешко се оштетени во главниот град. Има и жртви“, рекол за новонарите градоначалникот на Тбилиси, додавајќи дека првите процени говорат за штетите кои се движат близу десет милиони долари.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




