(ВИДЕО) СПАСУВАЧИТЕ ЧУЛЕ ЛЕЛЕК: Жена во Шпанија е спасена откако три дена поминала „заробена“ во автомобилот
Објавено во: Свет 02 Ноември, 2024
Спасена e жена која три дена останала заробена во автомобил по поплавите Шпанија.
Внатре било и безживотното тело на нејзината снаа. Автомобилот со преживеаната жена е откриен во поплавен тунел закрчен од уништени автомобили. Спасувачите, извлекувајќи ги автомобилите, слушнале лелек на жена. Не можела да излезе, затоа што нејзиниот автомобил бил под други возила.
„После три дена најдовме живо лице во автомобилот“, рече шефот на цивилната заштита Мартин Перез во саботата во Монкада, град со 21.000 жители.
Монкада се наоѓа во југоисточната провинција Валенсија, каде во поплавите загинаа повеќе од 200 луѓе. Автомобил со преживеана жена е откриен во местото Бенетусер. Жената е пренесена на лекарски преглед, а нејзината здравствена состојба засега не е позната.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.