(ВИДЕО) СРБИЈА ОКОВАНА ВО СНЕГ: Во некои региони покривката е дебела 40 сантиметри
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 07 Април, 2021 16:42
Снежно невреме ja зафати Србија.
Во западниот дел на земјата има дебела снежна покривка. Во планинските села во Ивањица наврнале дури 40 сантиметри нов снег. Снег ја зафатил и општината Нова Варош, каде е формирана нова снежна покривка од неколку десетици сантиметри. Вкупно 10 сантиметри снег паднаа за 24 часа на Врачар, а на Копаоник само 4 нови сантиметри, а покривката на оваа планина достигнува скоро еден метар. Најдоцниот снег забележан во Белград во последните стотина години паднал на 11 мај 1953 година. На годишно ниво Белград е просечно околу 39 дена под снежна покривка. Максималниот број денови со снежна покривка е забележан во 1940 година и изнесувал 98 дена. Од вчера Балканот е зафатен со студен бран, придружен со снег, мраз и ниски температури, што ќе се задржат до крајот на работната недела. Во текот на вчерашниот ден, во Загреб паѓаше снег, а во другите делови на Хрватска се задржа дождливо време. Снег деновиве паѓаше и во Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





