(ВИДЕО) Средношколците во Прилеп пак на протест - исвиркаа професорка
Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 12:30
Трет ден протестираат учениците во Прилеп.
Средношколците кои ги поддржуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ и денеска повторно се собраа во дворот на гимназијата „Мирче Ацев“.
Протесите ги започнуваат средношколите од индустриското училиште, кои доаѓаат во дворот на гимназијата „Мирче Ацев“, повикувајќи ги нивните врсници да им се придружат. Професорка од гимназијата не ги пушташе учениците од часови, по што беше исвиркана од средношколците.
Родителите на средношколците од „Мирче Ацев“ вчера се собраа во гимназијата, и бараа одговорност од директорот Кире Николоски. Тие побараа оставка од директорот кој претходно кажа дека како професор по историја, нема ништо лошо во тоа да го јакне националниот дух на учениците. Осуда за директорот Кире Николоски имаше од неколку институции и тоа Правата детска амбасада „Меѓаши“, Младинскиот образовен форум, а Народниот правобранител Иџет Мемети побара одговорност за директорот. Кривична пријава против Николоски најави и општинската организација на СДСМ од Прилеп.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




