16 Декември, 2025
0.0911

(ВИДЕО) СТРАШНО: Небото над Катманду пред земјотресот во Непал!

Објавено во: Свет 27 Април, 2015 22:41

Добивај вести на Viber

Морничав момент во кој стотици птици се разлетуваат во воздухот пред моќниот земјотрес во главниот град на Непал, Катманду, е снимен случајно и се шири на интернет. Оператор аматер ги снимил последните мирни мигови на главниот град и почетокот на ужасот од кој долго нема да може да се опорави. Почетокот на видеото покажува мирна слика на улица во градот. Се слуша музика, а луѓето разговараат оживеано во саботата попладне. Спокојството, сепак, е нарушено кога се слуша пеколно подземен татнеж и зградите почнуваат силно да се тресат. Во исто време, стотици птици се прелетуваат моментално на небото, за неколку секунди биле цело јато. Под нив останува огромен облак од прав предизвикан од падот на згради. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/fNJmiCYN0zg[/embed] Како што соопштивме силата на земјотресот беше 7,8 степени по Рихтер. Бројот на жртвите се приближува до 4000. Два дена по катастрофата Непалците ја напуштаат уништената престолнина Катманду. Во меѓувреме се засилуваат стравувањата за избувнување на епидемии меѓу десетиците илјади преживеани, кои веќе неколку ноќи поминаа на отворено во парковите и отворените простори во Катманду. До 14 моќни последователни потреси со магнитуда 5 или повеќе може да го здрмаат Непал оваа недела, соопштува Американскиот геофизички институт. Од таму се додава дека веројатноста Хималаите да бидат здрмани од повторни потреси со јачина шест или седум единици по скалата на моменталната магнитуда е нула. Според експертите, во текот на следниот месец, исто така се можни секундарни земјотреси, вкупниот број на кои може да надмине 30. Освен тоа, научниците очекуваат илјадници мали, едвај видливи потреси до крајот на годината.

Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?