18 Декември, 2025
0.0514

(ВИДЕО) Теорија на завера: Авионите не удриле во кулите близначки?

Објавено во: Свет 26 Септември, 2014 19:37

Добивај вести на Viber

Со патничките авиони не е можно да се изведе терористички напад на Кулите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година, тврди поранешниот пилот Џон Лир (65).

Тој наведува повеќе факти со кои ја потврдува својата теза. Пилотот, кој во кариерата има 19.000 часа лет на повеќе од 160 различни авиони, вели дека физички е невозможно авиони од типот на Боинг со таа брзина кои удриле во Кулата да летаат на таа висина.

„Поради густината на воздухот на 300 метри од земја, авион не може да лета со брзина од 870 километри на час. Исто така, во случај на удар во зграда, некои делови од авионот  би се распаднале при судири со челичната конструкција“, вели Лир и додава дека некои делови и покрај судирот останале речиси цели.

„Моторите на авионот после ударот во конструкцијата, и покрај ударите, сепак го задржале својот основен облик“, наведува овој пензиониран пилот.

Во морето на теоретски завери, неговите зборови сепак имаат тежина бидејќи тој е единствениот пилот кој некогаш добил сертификат од Федералната авио-администрација, а посебна тежина има и тоа што е поранешнен службеник на ЦИА, бидејќи летал ширум светот за таа разузнавачка агенција.

Тој ги негираше официјалните извештаи според кои со авионите управувале киднапери.

„Неискусни пилоти не можат да управуваат со такви типови на авиони. Тоа едноставно не е можно“, тврид Лир.

Инаку, неговите тврдења не се единствена теорија за можната завера на американската влада. Да потсетиме на само една од видео-снимките објавени на Јутјуб која ги поттикна сомневањата дека нападот на 11 септември е монтиран.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина