(ВИДЕО) Трамп шокира и во време на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 30 Март, 2020 06:20
Болниците се пренатрупуваат со респиратори што нема да ги користат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, кој синоќа се обрати до
јавноста во врска со повеќе теми кои се однесуваат на пандемијата на
коронавирусот. Тој практично ги обвини болниците дека набавуваат премногу
респираторни апарати, кои во моментов се дефицитарни во САД, нагласувајќи дека оние
болници кои нема да ги користат, дека ќе мораат да се ослободат од нив.
-Имаме некои даватели на здравствени услуги, некои болници кои забрзано се снабдуваат со респиратори, а особено болници кои никогаш нема да ги користат. Ваквите здравствени установи ќе мора да се ослободат од нив, рече американскиот претседател.
Трамп овие забелешки ги изнесе само два дена откако нареди компанијата „Џенерал моторс“ да произведува респиратори за лицата на кои им се потреби ваквите апарати кои се инфицирани со Ковид-19, истовремено обвинувајќи го автомобилскиот гигант за „губење време“ во преговори.
Инаку, администрацијата на Трамп е под притисок да го зголеми производството на респиратори кои се клучни за зачувување на животите на пациентите со компликации од вирусот. Во меѓувреме, водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи предупреди дека милиони Американци ќе бидат заразени со новиот коронавирус и дека се очекува дека меѓу 100.000 и 200.000 луѓе да починат од вирусот ширум САД.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!





