(ВИДЕО) Црн баланс во Непал: Засега 4400 мртви, би можеле да бидат 10.000!
Објавено во: Свет 28 Април, 2015 11:33
Околу осум милиони луѓе се погодени од разорниот земјотрес во Непал, во кој загинале најмалку 4400, соопштија денес од ОН, додека влстите во непал проценуваат дека бројот на загинати би можел да се искачи до 10 илјади.
За повеќе од 1,4 милиони луѓе е потребна храна, а итно се потребни и вода и засолниште, се наведува во соопштението на ОН.
Премиерот на Непак Сишли Корирала рекол за Ројтерс дека бројот на мртвите може да достигне до 10 илјади. Тој наредил да се зголемат напорите за спасување и побарал нови залихи на шатори и лекови.
„Владата прави се што може да ги спасат луѓето и да им ја олесни ситуацијата, но тоа е голем предизвик и многу тешко време за Непал“, вели тој.
Војниците денес припремале храна, вода и други итни залихи кои ќе бидат качени на хеликоптери во малиот град Горка, откаде ќе бидат упатени во најизлоираната и од земјотрес уништена област на Непал. Во селските подрачја, се погодени 90 одсто од жителите, кои ги изгубило своите домови и стока и немаат начин сега да се прехранат вели претставник од округот Сирија Мохан.
Многу е тешко да се дојде до нив, планинските патишта се пресечени, а ветерот и дождот го отежнуваат слетувањето на хеликоптерот. Непал се соочи со хуманитарна криза од 10 000 бездомниви, кои живеат без вода за пиење и канализација. Помош пристига и од странство, но со тешкотии поради гужви на малиот аеродром во Катмандум. Така четири индиски авиони со спасувачи и помош биле приморани да се вратат во Њу Делхи.
ОН соопштиле дека од својот фонд ќе обезбедат 15 милиони долари за итна помош на жртвите во Непал. Средствата ќе им овозможат на меѓународните хуманитарни групи да ги прошират своите операции и да им пружат засолниште, вода , санитариски материјал и логистички услуги, на погодените луше, вели портпаролот на ОН Франк Хак.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“







