29 Септември, 2024
0.0245

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ НАВЛЕГОА ВО РУСКА ТЕРИТОРИЈА КАЈ КУРСК: Во кои места се водат борби?

Објавено во: Свет 08 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Украинците го извршија најсериозниот упад на руска територија од почетокот на војната. 

Украинските трупи навлегоа 10 километри на руска територија во регионот Курск, соопшти Институтот за проучување на војната. 

Украинските сили упаднаа во југозападниот руски регион Курск во вторникот наутро, распоредувајќи околу 1.000 војници и повеќе од дваесет оклопни возила и тенкови. Ова се информации кои ги сподели руската армија.

Напредокот е фокусиран на логистичкиот центар Суџа, град со околу 5.000 жители сместен на осум километри од украинската граница.  Руските провоени Телеграмски канали тврдат дека борбите се во тек во градовите Суџа и Коренево во регионот, пишувајќи дека руската војска се повлекла од мерната станица за гас Суџа, која транзитира гас во Европа преку Украина.

„Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко во руска територија во правец на Курск е запрено“, изјави денеска началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, армискиот генерал Валериј Герасимов.

Kиев засега не ја коментира операцијата. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 


Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот