20 Декември, 2025
0.0602

(ВИДЕО) ВЕЧЕРВА ДРАМАТИЧЕН ПРЕТРЕС И ПРИВЕДУВАЊЕ ВО БИТОЛА - имал близу илјада куршуми, од кои ТРИ ПРОТИВАВИОНСКИ

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2022 19:54

Добивај вести на Viber

На 19.09.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација и заедничка акција со полициски службеници од СВР Битола, ОКП-ОНТД го лишија од слобода С.Ф.(48) од Битола.

„Имено, по обезбедени судски наредби од Судија на претходна постапка од Основен суд Битола, извршен е претрес на две локации кај С.Ф., при што биле пронајдени и одземени: еден револвер, пушка „Ремингтон“, три противавионски куршуми различен калибар и 35 куршуми различен калибар за кои тој не поседувал соодветна дозвола. Исто така, при претресот биле пронајдени и одземени една воздушна пушка, три ловни карабини, еден пиштол „Валтер“ 7.65мм, една малокалибарска пушка, една ловна пушка „Бајкал“ и една ловна пушка „Цифсан“, за кои поседувал дозвола на негово име, како и една ловна пушка „Бреда“ со дозвола на име на неговиот син В.Ф.. Пронајдени и одземени се вкупно 864 куршуми различен калибар, што е незаконски и спротивно на одредбите од Законот за оружје, според кој лицето може да поседува и чува во својот дом само 200 куршуми.

Претрес е извршен и во викенд куќата на С.Ф. во битолско, при што биле пронајдени и одземени дополнителни 85 куршуми различен калибар“, се вели во соопштението од МВР.

Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Битола за незаконско пронајдената муниција и оружје за кои С.Ф. не поседувал дозвола ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, а за ловното оружје, пиштолот и пронајдената муниција спротивно на одредбите од Законот за оружје, ќе се спроведе управна постапка пред надлежните органи на СВР Битола.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки