(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ „ГО УКИНА“, СДСМ ПАК ГО ОБНОВИ: Aвионот од Атина ги спушти крилјата над Скопје
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2018
После повеќе од деценија е обновен авиосообраќајот меѓу Атина и Скопје бидејќи синоќа на меѓународниот аеродром во Скопје слета авионот на грчката компанија "Aegean Airlines".
Меѓу патниците беше и потпретседателот на владата Бујар Османи, а од Атина го испрати помошник министерот за европски работи на Грција Георгис Катругалос.
Директните летови меѓу Скопје и Атина постоеја меѓу 2003 и 2007 година, но се запрени кога претходната влада скопскиот аеродром го нарече „Александар Велики“ со што ја налути Атина.
Годинава во февруари во рамки на решавање на долгогодишниот спор за името, владата на Заев се обврза да го преминува аеродромот во Меѓународен аеродром Скопје.
Од денес авиокомпанијата "Aegean Airline" ќе лета на релација Атина-Скопје два пати неделно.