(ВИДЕО) Во Грција редиците за пeнзии пред банките продолжуваат
Објавено во: Балкан 02 Јули, 2015 13:46
Драмата на грчките пензионери продолжува и денес. Редиците за пeнзии пред банките се од рано утринава. Прометот во продавниците паднал, со тоа што повеќето Грци се ограничуваат во набавките и купуваат претежно намирници.
Туризмот исто поднесува штета од откажаните резервации на Грците за патување и одмор во странство, објавија од Здружението на тур-оператори. При паузите на странците во Грција не се забележува голем одлив. Мерките за ограничувања на повлекување на пари не влијаат странските туристи.
Кампањата „за“ и „против“ на референдумот продолжува. Секоја вечер има демонстрации за поддршка на една или друга позиција, но митинзите завршуваат без инциденти.
На политичката сцена владејачките и опозициски партии се во акутна конфронтација не само по прашањето поставено за народна дискусија, туку и дали е политички втемелен референдумот.
Лидерот на опозицијата изјавил дека „Владата е во паника“. Истакнати грчки интелектуалци потпишаа порака со повик до Грците да гласаат со „Да“ за Европа.
Црквата, исто така изрази мислење за кризата. Архиепископот на Атина - Јеронимос изјавил дека во овој момент е потребно единство на нацијата и единство на Европската унија.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/gDRs0VPoZI0[/embed]Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




