(ВИДЕО) ВОЗИЛАТА ПО АВТОПАТОТ ВЕЛЕС-СКОПЈЕ ЕДВАЈ СЕ ДВИЖАТ: Снегот не фати неподготвени!
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2017 21:52
И покрај најавите за снежни врнежи, на места изгледа снегот ги изненади надлежните екипи кои заборавија на дел од критичните точки и акцентот го ставија на главниот град.
Во моментов возилата од Велес кон Скопје и обратно се движат со тешкотии бидејќи тој патен правец сеуште е парализиран. Таму денес најверојатно не излегле екипи кои ќе фрлат сол и ќе го направат патот прооден и заборавиле дека многу семејства вечерва се заминати на пат кон внатрешноста поради утрешниот и празник Бадник.
Сообраќајот на патните правци Скопје - Велес и Велес - Скопје е во прекин за сите видови на возила, поради излизгани и попречени возила соопштија и од АМСМ.
Оттаму информираат и дека поради врнежи од снег, забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека , на патниот правец Крива Паланка – г. п. Деве Баир, на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато и на Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.
Се апелира возачите да бидат внимателни .
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




