(ВИДЕО) Заев: Идната влада не зависи од ДИК или Управниот суд-бидете спокојни!
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016 16:08
„Ги молам граѓаните да ги смират мислите. Јас и Груевски не се гледаме преку нишан на пушка, ние седиме заедно и разговараме заедно и одлучуваме за иднината на Македонија.
Можеби сме со спротивставени мислења, ние се слушавме и во текот на кампањата, и на молкот разговаравме за да го контролираме заедно изборниот процес . Немојте никој да ве лаже, доста ни се делби и поделби во наша Македонија.
Одлуките на ДИК и евентуално на Управниот суд се формално-правни процеси кои согласно Закон и Устав треба транспарентно да отпочнат и завршат“, рече Заев денеска од Битола.
Тој рече дека без разлика на резултатот , дали ќе биде во полза на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, ќе се создаде европска влада.
„Никола Груевски не може да создаде влада, тоа го знаеме и двајцата.
Европската Конвенција за човекови права овозможува да ја користат и уживаат сите граѓани на Европа и тоа е иднината на Република Македонија. Оваа Европска Конвенција за човекови права ќе биде основата на идното дејствување на новата Влада на Република Македонија. Европската Конвенција за човекови права ќе биде платформата врз основа на која ќе се создаде новото парламентарно мнозинство и основата на дејствување на идната Влада на Република Македонија. Граѓаните треба да знаат дека оваа европска конвенција ќе биде водилка за современата македонска држава, ќе се водиме од овие права што ги почитува цел демократски свет. Апелирам за спокој, единство и сплотеност. Државните институции имаат обврска да донесат транспарентна одлука“, изјави Заев од Битола.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




