Видео: Заев нема да троши време да ја состави новата влада
Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 14:40
Претседателот на СДСМ Зоран Заев по распитот во ОЈО посочи дека и за новиот случај за незаконско финансирање на изборна кампања ќе ја докаже својата невиност, а порача дека треба што побрзо да се формира новата влада и повеќе да не се губи време.
- Јас реков дека очекувам поради тоа што знаете дека работите не зависат само од Заев, веројатно не зависат ниту од никој поединец. Можеби зависат од сите нас политичарите заедно. Јас би сакал и на 20, на 21, на 22, дури и порано од тоа да има влада Република Македонија, но секако тоа прво значи закажување на седницата, избор на претседател на Собранието, допис до господинот Иванов, негова одлука кога ќе го даде мандатот. Верувајте, јас како потенцијален мандатор нема да дозволам да се трошат 20 дена за преговори за Влада. Ќе гледам максимално можно ако го добијам мандатот да ги скратам овие рокови за да им заштедиме и на граѓаните и на Република Македонија, време, денови и период за тоа што очекувањата на сите се да има натпревар во државата по пат на дебата, дискусија и се за процеси коишто се одвиваат во Република Македонија, за добробит на државата и на граѓаните, да има една позитивна дебата, натпревар на економски проекти, на идеи и слично како и секоја нормална земја - рече Заев.
Тој истакна дека бара час поскоро да почне со работа Собранието.
-
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




