(ВИДЕО) Земале субвенции за непостоечко стадо!
Објавено во: Агробизнис
26 Март, 2014 21:17
Добивај вести на Viber
Полицијата уапси шест лица во акцијата „Тера“, меѓу кои и инспектори од Министерството за земјоделство и раководител во Агенцијата за храна и ветеринарство, како и сточари. Сите се осомничени за злоупотреба со државните субвенции за сточарство.
Двајца сточари од скопско блаце две години внесувале лажни податоци за непостоечко стадо од 500-тини овци и јагниња. Овие податоци ги внесувале нивните пријатели вработени во државна администрација по што им се исплаќале субвенции. На овој начин државниот буџет го оштетиле за 55.000 евра.
Еден сточар и натаму е во бегство.
„Двете службени лица од државниот инспекторат за земјоделие при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја злоупотребиле службената положба и овластување односно извршиле фалсификување на записниците за извршен инспекциски надзор во кој внесувале невистинити податоци за надзорот и утврдена состојба на бројката на добитокот“, објасни министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Еве како течеше полициската акција за апсење на осомничените:
http://www.youtube.com/watch?v=xaH_pVmahVg
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?