20 Декември, 2025
0.0443

(ВИДЕО) Жаре со писмо до гледачите за крај!

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2015 09:28

Добивај вести на Viber

Ние во Еден на Еден сме за среќа или несреќа (кога-како) “приватно предузеќе”. Една од убавините кои доаѓаат со таа територија е дека генерално сам одлучуваш кога одиш на одмор. Нашиот одмор, т.е. паузата помеѓу две сезони од шоуто, стандардно почнува во мај. Тоа подразбира цело едно лето фокусирање на други проекти и ангажмани, се додека не дојде септември кога одново ќе ја отпакуваме сценографијата и ќе почнеме да размислуваме на иста тема како и секоја сезона – кого да викнеме за прв гостин и што по ѓаволите да кажеме во првата епизода...

Со сезонската “best of” епизода емитувана оваа сабота и кажавме чао на оваа сезона 6 од Еден на Еден. Си поминавме преубаво и ни беше чест што ве дружевме еднаш неделно. Горд сум на тоа каква публика има шоуто и можам само да ви кажам едно искрено благодарам за тоа.

zare

Без вашата поддршка немаше да добиеме бубамара за најдобра ТВ емисија за 2014та, немаше да ги имаме тројцата народни херои од К-15 со поединечни гостувања во само една сезона, немаше Владо Георгиев да ја пее Једина на хелиум и тоа да се прошири како вирус низ цел екс-ју регион, немаше Спасе да стане најголемиот незнаен јунак во државава, немаше да ја мажиме Каролина (и таа да се смее на тоа!) пред камера заедно со Нина Бадриќ, немаше Игор Џамбазов јавно да каже дека и ги сака кременадлите на истата таа Нина Бадриќ, немаше со Тони Зен да носиме народни носии цела емисија, немаше со Сашко Коцев да ги имитираме Ефтов, Зафирчев, Калински и други, немаше “премиерот” да му се јави на Кире Лазаров сред емисија или пак Трендо да вика да му го бацам Васе К-15 сега, веднаш.

Но, сето тоа се случи и може да се види како дел од оваа сезона 6 од која ни остануваат многу убави спомени. Спојувањето на Умни Глави после 18 години, одличните гостувања на Елена Ристеска и Лила Филиповска, заразното смеење на Столе Стоилов и незаборавната емисија со позитивно откачениот Васко Ефтов... Побогу, Шабан Шаулиќ и Ана Бекута дојдоа! Кога сме кај тоа, многу интересен факт – ако мислите дека емисијата со Шабан е една од епизодите со најголем рејтинг сезонава, тогаш драги мои морам да ви соопштам дека дебело... Сте... Во право всушност, да... Така си е... Шабан ја сака публиката - публиката го сака Шабан, м?

zare 2

Најдоброто не само што допрва доаѓа, туку не е ни на прагот. Ќе се видиме наесен со седмата сезона од Еден на Еден, надградени и проширени (се надевам не физички)! Дотогаш уживајте во летото и потсетувајте се на вашите омилени моменти од шоуто на Еден на Еден YouTube каналите или во видеотеката на МаксТВ.

Со почит и многу љубов,

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/1eDX__MS8HI[/embed]

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии