18 Декември, 2025
0.0738

(ВИДЕО) Жестоки протести во Хонг Конг – страда берзата!

Објавено во: Свет 29 Септември, 2014 11:36

Добивај вести на Viber

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на Хонг Конг, ги зазедоа централните делови на градот и практично кампуваат пред зградата на Владата. Затворени се сите училишта и банки. Причината за протестите е незадоволство со промените во политичкиот систем, според кои на Хонг Конг се дозволуваат непосредни избори, ама само за оние кандидати кои претходно ќе ги одобри Пекинг. Протестите започнаа како студентски, но по недела дена добија на интензитет откако им се приклучија и многу други граѓани, незадоволни од промените. Демонстрациите ги предводи тинејџер - 17 годишниот Џошуа Вонг, кој со активизам се занимава од 15-тата година, кога стана еден од лидерите на студентското движење. http://www.youtube.com/watch?v=dGSSMS9HUR8 Полицијата објави дека во протестите до сега се уапсени 78 лица, додека 26 се повредени. Вчера беше употребен и солзавец за да се растераат демонстрантите. Утрово полицијата се повлекла, но граѓаните одбиваат да го направат истото и ноќта ја поминаа на улиците. http://www.youtube.com/watch?v=T2vOy1XArb8 Вредноста на акциите на берзата во Хонг Конг денеска опадна за 1,18% заради немирите, кои сериозно го нарушија сообраќајот и економските активности. Хонг Конг, некогашна британска колонија, денеска е под посебна административна управа на Кина и функционира на принципот „една земја, два политички системи“. Има висок степен на автономија во сите области, освен во одбраната и надворешните работи.  

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина