Добивај вести на Viber
Според пишувањата на американските медиуми, ова е чаша која собира 0,38 литри и има овозможена блутут врска и смартфон синхронизација.
Чашата, која личи на термос може да ја наполните со било која течност, а таа ќе ви го даде точниот одговор што пиете.
Креатортите на чашата објаснуваат дека целта им е да ги потсетат луѓето што точно пијат. Оваа паметна чаша истовремено мери количество на шекер, протеини, калории, масти и кофеин.
Во продажба ќе биде пуштена дури идната година по цена од 199 долари, а преку интернетможе да се нарача уште денеска по двојно пониска цена.
http://www.youtube.com/watch?v=lu4ukHmXKFU