19 Мај, 2024
0.0267

(ВИДЕО+ФОТО) Дали новиот аеродром ќе ја внесе Турција во десетте светски сили?

Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

За прв пат Турците утре ќе летаат од аеродромот во Истанбул кој вчера беше пуштен во употреба и е најголем во светот. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера свечено го отвори новиот аеродром.

„Се надевам дека аеродромот ќе му користи на нашиот регион и на целиот свет“, рече Ердоган.


Тој ќе биде отворен за сообраќај кон крајот на декември, а првиот лет е планиран за утре кон Анкара.  Авионите од новиот аеродром дотогаш  ќе полетуваат само пет дестинации, сѐ додека новиот не го замени сегашниот презаситен аеродром „Ататурк“.

Се планира до 2028 година  тој да има капацитет од 200 милиони патници годишно, што е двојно повеќе од аеродромот во Атланта кој денес е на првото место.

Истанбул со новиот ќе има вкупно три аеродроми.

Новиот аеродром во прво време ќе има капацитет од 90 милиони патници годишно, со што ќе се вброи во петте најважни светски аеродроми во контекст на прифаќање патници. 


Но, изградбата на аеродромот ја следат и контроверзии. Станува збор за влијанието на проектот врз животната околина и пред сѐ за работните услови на над 34.000 работници кои се тркаа со времето за проектот да го завршат во предвидениот рок.

Штрајкот на работниците во септември беше брутално задушен со одведување стотина луѓе во затвор. Повеќето потоа беа пуштени, но дваесетина лица се сѐ уште затворени.

Загинаа триесетина работници за време на изградбата почната во 2015, но синдикатите тврдат дека вистинската бројка е двојно поголема.

Новиот истанбулски аеродром е најновиот во низата инфраструктурни мегапроекти за кои Ердоган се залага трудејќи се Турција да ја внесе во клубот на десет светски сили до 2023 година, кога земјата ќе прослави 100 години од прогласувањето на републиката.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс