ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 3,284,819,00 РЕКОНСТРУИРАШЕ МУЛТИФУНЦИОНАЛНО ИГРАЛИШТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА
Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2022 18:13
Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува со амбициозниот проект за повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. По реконструираните ракометни игралиште во Свети Николе и Битола, пуштено е во функција и мултифункционалното игралиште ДТВ Партизан во Гевгелија.
Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, со донација од 3,284,819,00 денари Видеолотарија го пушти во употреба и третото игралиште од проектот за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја.

Во присуство на граѓаните од Гевгелија, претставниците на Видеолотарија, бренд амбасадорот Игор Стефановски Иџе и претставници на локалната самоуправа на општина Гевгелија, свечено беше пуштено во функција реконструираното игралиште.
„Ова игралиште веруваме дека ќе биде новата среќна локација за игра, забава и натпревари во спортски дух. Со донација од 3,284,819,00 денари целосно и темелно е реконструирано ова игралиште, кое доби нови спортски реквизити, а и жичена ограда за поголема безбедност на сите кои ќе го користат неговиот спортски терен,“ нагласуваат од Видеолотарија Касинос Австрија.
„Драго ми е што сум дел од овој убав проект за поттикнување на спортскиот дух и здрави навики во нашава земја. Верувам дека примерот на Видеолотарија ќе го следат и други одговорни компании“, изјави бренд амбасадорот на Видеолотарија, автомобилскиот ас Игор Стефановски Иџе.
Игралишта се дел од компаниската стратегија за повеќегодишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот. Денес сме среќни, затоа што може да најавиме дека во општина Липково веќе привршуваат последните активности, со кои ќе биде реконструирано и следното игралиште.
На ваков начин, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно# ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




