ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ЗЛЗМ И ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ СО ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2025 13:51
Во рамки на проектот “Играј одговорно“, на 23.05.2025 во домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз во Скопје, се одржа едукативна трибина со цел превенција и зголемена свесност кај младите луѓе за опасноста и ризиците од прекумерното играње на игрите на среќа.
Со поддршка на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, Здружението на лекувани зависници заедно со Црвен крст на град Скопје на 23.05.22025 одржаа едукативна трибина во домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз во Скопје. Целта на трибината беше едукација во насока на поголема свесност за опасноста и ризиците кои ги предизвикуваат прекумерните активности.
Говорници на трибината беа: прим. д-р Павлина Васкова, спец. невропсихијатарка, Оливера Суботин Поповска, психијатарка, д-р Бехие Хухии и Мирослав Јакимовски, експерт од областа на интернет игрите на среќа и нивната проблематика. Тие како стручни лица во областа, го споделија своето искуство и факти за проблематиката и предизвиците на зависностите, нагласувајќи ја важноста на превенцијата, заштитата и одговорноста, како и едукацијата на јавноста за ова исклучително важна општествена тема. Учесниците на трибината можеа со прашања да се вклучат и да дебатираат заедно со стручниот тим соговорници.
Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија како како општествено одговорна компанија, посветува сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорното приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории.
ДВЛМ,како одговорна, а воедно и прва компанија од дејноста игри на среќа која сериозно е посветена на одговорното играње и почитување на регулативите, преку едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа, се залага за спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, истакнувајќи ја важноста од одговорно играње и одговорно приредување игри на среќа.
#ИграјОдговорноПР објава
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




